Тројца млади момчиња загинаа синоќа во сообраќајна несреќа на главниот пат Рожаје – Баќ, во местото Зелена. Од Центарот за оперативни комуникации (ОКК) на Полициската управа за агенцијата МИНА изјавија дека загинале А.М. (16), С.М. (16) и И.Д. (16). Малолетниот Ф.Д.(17) е тешко повреден, јави РТЦГ.
Како што информираат од Полициската управа, несреќата се случила синоќа околу 22:30 часот.
Возилото слетало во реката Ибар, при што загинале тројца млади, а тешко повредениот е пренесен во Општата болница Беране.
На лице место биле и полициски екипи од Рожаје.
По несреќата голем број корисници на социјалните мрежи почнаа да се збогуваат со трагично загинатите малолетници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.