Лажните дојавите за поставени бомби во Србија станаа речиси секојдневие. Аеродромот „Константин Велики“ во Ниш и по два трговски центри во Ниш и во Нови Сад вчера преку интернет биле предупредени за поставени експлозивни направи.

По добиените дојави полицијата излегла на терен, а четирите трговски центри биле евакуирани.

До аеродромот во Ниш и на 16 мај стига лажна дојава за поставена бомба, додека трговскиот центар „Делта“ лажно беше алармиран на 21 април.

Дојавите за поставена бомба во трговските центри во Нови Сад, „Меркатор“ и „Променада“ исто така беа лажни.

Изминатите два месеца Србија е на мета на лажни дојави за поставени бомби. Дојавите најчесто пристигнуваат до трговските центри, ресторани и училишта, железнички станици, мостови и други локации. Дојава за поставена бомба беше испратена и до Зоолошката градина во Белград.

На 16 мај 97 српски основни и средни училишта добија лажни дојави за поставени бомби.

Претходно, српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин изјави дека „против Србија се води специјална војна и дека целта на сите напади е Србија да престане да води независна политика и да носи одлуки под притисок и страв“.

Во меѓувреме, српското Обвинителството за организиран криминал најави дека дојавите ќе бидат окарактеризирани како терористички акт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.