Семејството Кецмановиќ, чиј 13-годишен син на 3 мај во планиран крвав поход уби девет и рани неколку лица во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, најверојатно од безбедносни причини ќе се пресели во странство, пренесуваат српските медиуми.
Мајката на Коста, Миљана, и неговата десетгодишна сестра веројатно први ќе ја напуштат Србија, а во одреден момент би им се придружил и таткото, доколку излезе од затвор.
Родителите добиле стотици закани преку интернет по злосторството на нивниот син.
Таткото Владимир, некогаш почитуван радиолог, моментално е во притвор зошто синот пукал користејќи го неговото оружје, кое го чувал дома, а како што веќе пренесоа српските медуми, го носел да вежбаат пукање во стрелиште уште како помало дете.
Според неофицијални информации на „Република.рс“, мајката зела неплатено отсуство од Биолошкиот факултет каде што работи и е со нејзината ќерка на непозната локација во Србија.
Во ова училиште сигурно нема да се врати помалата сестра на Коста, која исто како него учеше во основното училиште „Владимир Рибникар“ и моментално е четврто одделение. Во моментот на пукањето била во соседната училница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.