Бугарскиот претседател Румен Радев организира конференција за револуционерот Гоце Делчев.
Слоганот е „Добрососедските односи ќе бидат стабилни кога ќе не обедини историската вистина“. Националната конференција во чест на Гоце Делчев, ќе се одржи на 4-ти мај во Софија. Организатори на настанот се Бугарската академија на науките и Македонскиот научен институт од Софија.
„На 4 мај ќе прославиме 119 години од смртта на Гоце Делчев. Националната конференција во неговиот спомен е израз на нашата длабока почит кон животот и делото на овој голем апостол на слободата на македонските Бугари. Добрососедските односи меѓу Бугарија и Република Македонија ќе бидат стабилни и неповратни во време кога историската вистина не обединува”, пишува Радев на својот Фејсбук профил.
Бугарија неодамна го отвори Културниот центар Ванчо Михајлов во Битола, за што имаше многу реакции. Бугарија ја кочи Македонија на патот кон ЕУ со ветото. Источниот сосед дава поддршка на Албанија, но не и на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.