Една недела по масакрот во белградското основно училиште, родителот на еден од учениците на загребското училиште и се заканил на наставничката дека Белград ќе се повтори. Интервенирала и полицијата.

Инцидентот се случил во училиште во Загреб кога родителот на еден од учениците се заканил дека ќе го повтори белградското сценарио.

Во целиот случај се вклучила и полицијата која извршила претрес во домот на ученикот каде биле пронајдени забранети предмети. Целиот инцидент е пријавен во Министерството за образование.

Пред неколку дена имавме инцидент во училиште во Загреб каде родител им се закануваше на наставниците дека ќе им се случи Белград“, изјави за РТЛ Жељко Стипиќ од синдикатот „Препород“, додавајќи дека заканата настанала затоа што ученикот бил опомен.

Безбедноста во училиштата се уште е голем проблем и треба уште многу да се направи на овој план, но проблем е фактот што директорите често одбиваат да зборуваат за тоа, велат од Синдикатот „Препород“.

Целиот инцидент е пријавен во Министерството за образование.

Министерството за наука и образование добило барање од основното училиште за отпочнување на интервенција во психолошка криза, кое било спроведено. Директорот на основното училиште бил известен за процедурите за заштита на учениците и бил упатен да го пријави вчерашниот настан согласно Протоколот. за справување со насилството меѓу децата и младите“, велат од министерството.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.