Ресторан во Приштина на својот влез постави табличка, со која порачува дека им се забранува влезот на државјани од земјите на Европската Унија кои не поседуваат косовски визи, објави порталот „Газета експрес“.

Одлуката на сопствениците на ресторанот „Мамас“ доаѓа по одбивањето од страна на Брисел, на Самитот на ЕУ и Западен Балкан, да ги укине шенген-визите за граѓаните на Косово.

Протест. Забранет влез за граѓаните од ЕУ без косовски визи – пишува на таблата на влезот од „Мамас“.

Ресторанот кој им го забрани влезот на граѓаните од ЕУ без косовска виза, се наоѓа во непосредна близина на најголемиот логистички центар на Мисијата на ЕУ во Косово (ЕУЛЕКС).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.