Во тајните преговори во Женева во 1993 година беше изготвена нова карта на Балканот, според која,српскиот народ требало да добие нова држава во Босна и Херцеговина и она што било поважно-излез на море.
Планот не беше спроведен бидејќи не го прифатило муслиманското раководство.
Преговорите се случувале во Женева во август 1993 година а учествувале лидерите на Србите, Хрватите и муслиманите – Слободан Милошевиќ, заедно со неговиот колега од Босна и Херцеговина Радован Караџиќ, и Фрањо Туѓман и Алија Изетбеговиќ – во присуство на меѓународни посредници.
Начелно беше договорено Србите во БиХ да имаат излез до морето – на 10 километри од Превлака во правец на населбите Цавтат и Сараево. Србите требало отстапат неколку илјади квадратни метри на муслиманите, а ќе добиеле и пристап до Сава кај Брчко, како и до потесното подрачје на Сараево.
Неприфаќањето ја продолжи војната во БиХ до Дејтонскиот договор во ноември 1995 година и го промени текот на историјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.