Пратениците на Собранието во Црна Гора вечерва го разрешиле досегашниот претседател Алекса Бечиќ.

За смена на Бечиќ гласале 43 пратеници – пратеници од коалицијата „Црно на бело“ и опозицијата.

Против биле Демократите, Демос, ДФ, ПЗП, СНП, Права Црна Гора, Обединета Црна Гора и Работничката партија.

Бечиќ на прозивката изјавил дека нема да гласа.

Пратеникот на ДПС Миодраг Вуковиќ не бил во салата за време на гласањето.

Бечиќ беше избран за спикер на 23 септември 2020 година. Тогаш за негово именување гласаа 45 пратеници, еден пратеник беше против, додека 25 ливчиња останаа празни.

До изборот на новиот претседател на чело на парламентот ќе биде потпретседателот на Собранието Страхиња Булајиќ од Демократскиот фронт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.