Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека регионалната иницијатива Отворен Балкан ќе помогне, меѓу другото, да ја одвои Србија од Русија односно Москва да нема повеќе влијание врз Белград. Рама порача дека Србија треба да влезе во ЕУ наместо да се остави на влијанието на Русија, пренесува Перископи.
Русија има јасно влијание внатре, има некои традиционални врски. Сметам дека треба да ја земеме Србија со нас и да не ја оставиме под руско влијание . Отворениот Балкан помогна, како и ставот да се кажуваат јасно работите, да се охрабри Србија да стане дел одЕУ и да ги почитува санкциите, но од друга страна да разбере дека ќе и треба време, тоа е вистинскиот став, рече Рама за време на средбата со холандскиот премиер Марк Руте во Амстердам
На тема Отворен Балкан, Рама разговарал со Руте и со другите лидери на ЕУ и во таа прилика посочил дека Балканот е најранливиот дел од синџирот што може да биде засегнат и е далеку од прекинат како резултат на војната во Украина.
Во врска со предлогот на францускиот претседател за нова европска политичка заедница, Рама оекува тој да го собере Балканот на маса за разговори за теми од меѓународно значење.
Холандскиот премиер Марк Руте, пак, рече дека иницијативите како „Отворен Балкан“ го забрзуваат процесот на пристапување на Западен Балкан во Европската унија.
На заедничката прес-конференција во Амстердам со албанскиот премиер Еди Рама, тој рече дека ваквите иницијативи овозможуваат „тензиите да не станат неподносливи“.
Тој посочи дека ќе препорача секоја платформа која ќе го обедини Западен Балкан околу прашања од заеднички интерес, пренесува Танјуг, повикувајќи се на приштинските репортери.
„Мислам дека идејата за воведување зона за слободна трговија меѓу земјите го забрзува процесот на членство и помага да се намалат тензиите“, рече Руте.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.