Премиерот Еди Рама, во пресрет на почетокот на Првата меѓувладина конференција Албанија-ЕУ, денеска му се заблагодари на албанскиот народ за трпението на долгиот пат кон европската интеграција и на оние кои, како што рече, и помогнале на земјата на нејзиниот пат до Унијата.
За време на своето обраќање на заедничката конференција во Брисел, тој изрази благодарност до сите земји кои го поддржаа европскиот пат на Албанија, а особено ја истакна важноста на поранешната германска канцеларка Ангела Мекел, на која и честиташе бидејќи денес го слави роденденот, пишува Albanian Daily News.
Најпрво сакам да и се заблагодарам на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која знаеше да се бори за нас и за сите земји-членки. Сакам да се заблагодарам на уште една Германка без која не би стигнале до тука, Ангела Меркел, на која и го честитам роденденот, нагласи Рама.
Тој изрази благодарност за почетокот на пристапните преговори до чешкиот премиер Петар Фијала, „кој отпатува од Прага во Брисел за да биде присутен овде“, како и до францускиот претседател Емануел Макрон, кој овозможи со неговите напори, овој процес да започне.
Рама исто така рече дека Албанија станала посилна во текот на три, многу комплицирани години, во кои одбивањата од Европскиот совет од една страна и земјотресот, пандемијата и украинската војна, од друга страна, создале навистина тешка ситуација.
Тој нагласи дека Тирана е свесна дека земјата има долг пат и оти оваа меѓувладина конференција секако не е „почеток на крајот“, туку дека секоја од нив е „крај на почетокот“ на процесот на пристапување во Унијата, а во изградбата на „европска и силна Албанија и силен и демократски отворен Западен Балкан“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.