Првиот потпретседател на Владата на Република Македонија од Брисел денес им честиташе на граѓаните на земјата за реализацијата на првата меѓувладина конференција на земјата со Европската унија, момент од кој земјата ја започнува активната фаза на преговорите за интеграција, информираат владините служби.

Груби истакна дека ова достигнување е резултат на определбата на граѓаните, на искрената работа за да се надмине секој предизвик, за да се има хоризонт без никакви пречки кон интегративниот процес.

Во продолжение целосната изјава на Првиот подпретседател на Владата на нашата земја, Артан Груби од Брисел:

“Дојде денот кога сите напори за одржување на прозападната ориентација на земјата се крунисаа со успех, кога целиот наш конструктивен пристап да имаме хоризонт без никакви пречки кон крајната цел на интеграцијата стана реалност.

Се наоѓаме во Брисел на првата меѓувладина конференција и од денес заедно со граѓаните на земјата почнуваме да го пишуваме новото поглавје на напредокот и развојот, тоа на почетокот на преговорите за членство во Европската Унија.

Колку само предизвици имавме пред нас, се чинеше невозможно да се постигне целта, колку идеологии на дезориентација и страв од регресивните сили сакаа да не спречат да ја постигнеме оваа цел, но со решителност, со работа, со голема поддршка од цела Европа успеавме да седнеме на работната маса во срцето на Европа денес за да ја проектираме европската иднина.

Ни претстои многу работа, голема одговорност да ги спроведеме следните процеси, но со зрелост и рационалност, како и досега, ќе успееме да ги надминеме сите предизвици. СО СРЦЕ И УМ ЗАЕДНО КОН ЕВРОПА!“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.