Бугарскиот претседател Румен Радев на средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархији му кажал дека Бугарија е категорино против идејата Европската Унија даго промени принципот на едногласност на членките во одлучувањето. Радев истакнал дека реториката во Македонија за време на изборната кампања не оди во насока на дијалог меѓу двете земји.

 

Радев изрази очекување дека по завршувањето на изборната кампања и изборите во Македонија  политичката ситуација ќе овозможи „целосно спроведување на европската одлука од јули 2022 година, што е неизбежен елемент на патот кон Скопје кон ЕУ.

„Изјавите на водечките политички личности во Реублика Северна Македонјиа, дадени за време на кампањата од провокативен карактер, не помагаат да се зајакне дијалогот меѓу нашите две земји“, рече шефот на бугарската држава.

Румен Радев додаде дека добрососедството е главен аспект во процесот на проширување и ја истакна подготвеноста на Бугарија, без оглед на негативните пораки од Скопје, да ги обнови напорите за конструктивна билатерална соработка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.