Интеграцијата на Македонија мора да биде одржлив и неповратен процес и да се надоврзува на реални резултати во исполнувањето на критериумите за членство, e пораката што била во фокусот на телефонскиот разговор на бугарскиот претседател Румен Радев со претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел, соопшти прес-службата на Радев.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, претседателот на Бугарија истакнал дека исполнувањето на Копенхашките критериуми за членство во ЕУ, давање уставни гаранции за почитувањето на правата на македонските Бугари и зачувувањето на бугарското културно-историско наследство во Македонија, се неопходни чекори за нејзиниот пат кон обединета Европа.
Како што соопшти неговиот Кабинет, Радев, го поздравил подоброто разбирање на позицијата на Бугарија во Европската Унија и ја истакнал потребата од развивање јасни механизми и мерливи критериуми за да се земе предвид вистинскиот напредок на Македонија во процесот на европска интеграција и да се запазат демократските норми и принципи на ЕУ.
Бугарија е отворена за дијалог и очекува конкретни резултати, кои нема како да бидат проверени во деновите кои преостануваат до овомесечната седница на ЕУ – рекол Радев.
Бугарскиот претседател имал телефонски разговор и со министерот за европски и меѓународни прашања на Австрија, Александар Шаленберг, посветен на европската перспектива на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.