Во односите меѓу Бугарија и Република Македонија не станува збор само за историски спор, важно е и почитувањето на Копенхашките критериуми за членство во ЕУ, вклучително и човековите права и недискриминацијата.

Ова се неопходни услови кои Македонија мора да ги исполни пред да ги започне преговорите за членство во ЕУ, соопшти прес-службата на бугарскиот претседател Румен Радев по неговата средба со германскиот канцелар Олаф Шолц во Софија.

Радев на средбата со Шолц инсистирал ЕУ да биде гарант за почитување на правата на Бугарите во Македонија.

Неопходни се јасни механизми и мерливи критериуми за следење на преговарачкиот процес, што ќе доведе до одржливост во исполнувањето на критериумите за членство на Македонија во ЕУ, истакнал Радев. Тој, како што се неведува во соопштението, ја нагласил и „важноста од зачувување на бугарското културно и историско наследство во Република Македонија“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.