На Смиљана Срнец, жената која ја уби својата сестра и 19 години и го чуваше телото во замрзнувач, привремено ѝ е прекината казната, јавува Данас.хр. Таа штотуку го напуштила казнено-поправниот дом во Пожега, а таму ја пречекал нејзиниот сопруг.
Срнец во јуни 2020 година беше осудена на 15 години затвор за убиство на нејзината сестра Јасмин Доминиќ, кој ја уби во 2000 година, а нејзиното тело го сокри во замрзнувач во семејната куќа, каде телото беше откриено дури во февруари 2019 година. Во април 2021 година, Врховниот суд ја потврди нејзината казна.
Од Судот во Пожега за хрватскиот медиум потврдија дека „поради болест на затвореникот е прифатено барањето за тримесечна суспензија на затворската казна“.
Така, прекинот на казната стапува во сила од денеска, а завршува на 12 декември годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.