Во пресрет на разговорите во Брисел меѓу делегациите на Белград и Приштина, кои треба да се одржат в четврток, премиерката Ана Брнабиќ изјави дека тие разговори ќе бидат тешки, јави дописникот на МИА од Белград.

Сè уште го немаме Бриселскиот договор и Заедницата на српски општини (ЗСО). Приштина нема намера да го спроведе, а Курти не сака да каже два збора – Бриселски договор, изјави Брнабиќ за РТС.

Таа посочи дека видовме само дополнителна ескалација.

Според Брнабиќ, неопходна е имплементацијата на Бриселскиот договор и имплементацијата на ЗСО.

Благодарност до претседателот Вучиќ што презема на себе да ги води овие разговори и ја ослободи Владата да може да се занимава со други работи, изјави српската премиерка.

Таа оцени дека мирот и стабилноста им одговараат на луѓето во Србија, затоа што им овозможуваат да имаат просперитет.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера по средбата на лидерите на Процесот Брдо-Бриони во Скопје изјави да состаноците меѓу Белград и Приштина во рамки на Бриселскиот дијалог во четврток ќе бидат тешки и да ништо не очекува од нив.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.