Два смртни случаи од Омикрон се регистрирани во Црна Гора, изјави директорката на ЦК на Црна Гора, д-р Љиљана Радуловиќ.
Како што рече, станува збор за двајца пациенти кои починале минатата недела. Тие имале околу 70 години и имале претходни срцеви хронични заболувања. И двајцата, посочува, биле невакцинирани.
Сојот Омикрон, посочи таа, е доминантна причина за хоспитализација.
– Од друга страна, анализите утврдија дека 70 отсто од пациентите кои имаат омикрон, а пред седум дена беа животно загрозени, сега се на добар пат кон закрепнување или веќе се на домашно лекување.
Оваа информација ни кажува дека омикрон е поблага варијанта во случај на болничко лекување, отколку делта сојот – рече Радуловиќ, пренесува Телеграф.
Во моментов, од 40 опасни по живот пациенти во КЦЦГ, околу 85% се невакцинирани граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.