На седницата на Комисијата за безбедност и одбрана на црногорскиот Парламент денеска се очекува да се одржи контролна расправа со шефовите на Владата, полицијата и обвинителството.
Владините функционери ќе бидат сослушани во врска со заплената на околу 500 килограми кокаин.
Според најавите за седницата, комисијата ќе ги сослуша премиерот Здравко Кривокапиќ и вицепремиерот Дритан Абазовиќ, јавува РТЦГ. Најавено е сослушување и на директорот на Полициската управа и Агенцијата за национална безбедност Зоран Брѓанин и Дејан Вукшиќ, како и н а претставници на обвинителството.
Работниците на подгоричката компанија „Волија“ на 12 јануари во магацинот на фирмата пронашле кокаин во пакувања со банани, за што ја известиле полицијата. Управата за приходи и царината соопштија дека бродот на кој имало пратка банани, на 2 јануари впловил во пристаништето Бар.
Специјалното државно обвинителство покрена кривична постапка против шпедитерот Д.Ј.Д. поради сомнение дека е член на меѓународна криминална група за која постои сомневање дека е формирана со цел шверц на кокаин од Јужна Америка во Европа, а која дејствувала и во Црна Гора, потсетува црногорската телевизија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.