Католичкиот училишен центар во Зеница беше евакуиран откако училишната управа доби закана за бомба. Заканите што доведоа до хаос во училиштата во Сараево, се проширија и надвор од главниот град на Босна и Херцеговина.
Портпаролот на полицијата на Зеничко-добојската жупанија Самир Валентиќ потврди дека информацијата за поставената бомба стигнала нешто по осум часот.
„После тоа, полицајците ги евакуирале сите ученици и започнале антидиверзантска увид“, изјави Валентиќ.
Речиси во исто време, закани за бомби пристигнале и во две училишта во Сараево, па морале да ја прекинат наставата и таму, а учениците биле евакуирани.
Претходно оваа недела, сараевската полиција идентификуваше и приведе тројца малолетници за кои беше откриено дека испраќале закани до училиштата.
Еден од нив, како што е откриено во текот на истрагата, дури 49 пати испратил закани за бомба по електронска пошта.
По кривичната постапка, тој е предаден на Обвинителството на жупанија Сараево. Потоа обвинителот му предложи на судијата за малолетници на Општинскиот суд во Сараево да му одреди едномесечен притвор поради сомнение за сторени кривични дела загрозување на сигурноста и лажно пријавување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.