Српското министерството за внатрешни работи за агенцијата ФоНет потврди дека имаат дојава дека во авионот на Ер Србија на релацијата Белград-Москва имало експлозивна направа, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што беше кажано, се чека авионот да слета, по што треба да следи евакуација на патниците, а потоа и сите други процедури предвидени за вакви ситуации.
Пред три дена, во петокот, исто така имаше дојава дека во авионот на Ер Србија на летот за Москва има бомба.
Припадниците на Специјалната антитерористичка единица на МВР безбедно ги евакуираа сите патници и членови на екипажот од авионот што летал на релација Белград-Москва, а кој поради дојава дека во леталото има инсталирано експлозивна направа се вратил и принудно слетал на белградскиот аеродром, соопштија тогаш од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.