Четворица соработници на Вељко Беливук, се осомничени дека на 6 декември 2019 година се обиделе да го отрујат со цијанид припадникот на Шкаљарскиот клан, Јован Вукотиќ, кој во тоа време бил во екстрадициски притвор во Централниот затвор (Окружниот затвор) во Белград.

Случајот го пријавила вонбрачната сопруга на Вукотиќ, М.М., која во полиција изјавила дека на пат кон затворот, каде што се упатила во посета на Јовица, била запрена од возило од кое излегле четворица мажи со полициски капи и елеци, коишто и ги пребарале кутиите за ручек.

Истрагата утврдила дека лажните полицјци се обиделе да истурат цијанид во храната, но не успеале.

Обвинителството во меѓувреме поднесе обвинителен акт против четворицата уапсени, но само затоа што поседувале гасни пиштоли, но поради недостиг на докази се откажале од обвинението за обид за убиство на Вукотиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.