Во Црна Гора изминатите денови има пораст на новозаразени со коронавирус. Затоа се издаде препорака да се носат заштитни маски на аеродроми, железнички и автобуски станици, како и на сите места каде се собираат голем број луѓе.
Бројот на заразени изминатите две недели порасна за околу 130 отсто. По бројот на активни случаи, моментално во водство се крајбрежните општини, што е разбирливо имајќи ја предвид летната туристичка сезона.
Сега има вкупно 1.367 активни случаи на Ковид-19 во Црна Гора.
Препораката за носење заштитна маска на аеродром, железничка и автобуска станица, особено се однесува на хронично болните, постарите лица и имунокомпромитирани луѓе.
Исто така, се препорачува и вакцинирање против Ковид-19, особено за граѓаните од ранливи категории, соопшти црногорското Министерство за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.