Грчките синдикати се во целосна готовност поради 24-часовен штрајк кој започнува на полноќ. Грците протестираат против социјалната политика на владата на Киријакос Мицотакис.

Синдикатите во Грција најавија целосна подготвеност да ја блокираат земјата со својот штрајк. Протестите се против високите цени на горивата, скапите стоки, невработеноста и севкупната социјална политика на владата.

Стотици грчки пензионери протестираат барајќи повисоки пензии

Раководствата на транспортните компании поднесоа барања до судот за прогласување на незаконски штрајк.

Од централата на генералните синдикати најавија дека без разлика на судската одлука, штрајкот ќе има. Се очекува целосно блокирање на транспортот – нема да сообраќаат возови, градски автобуси, метро, ​​траекти и такси.

Потврда за учество на протестите дадоа и работниците во државниот сектор. Подготвен за штрајк е и приватниот сектор. Сопствениците на продавници и ресторани велат дека утре нема да работат во знак на протест.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.