Петар Лазовиќ понуди кауција од 9,3 милиони евра за ослободување од притвор, што е најголемата кауција во историјата на црногорското правосудство.

Обвинетиот Лазовиќ, поранешен вработен во Агенцијата за национална безбедност, беше уапсен во јули 2022 година по налог на Специјалното државно обвинителство (СДТ), кое го товари за создавање криминална организација, шверц на дрога и оружје.

Ова е последна во низата милионски понуди за кауција што Лазовиќ ги достави до Вишиот суд во Подгорица за да се одбрани од слобода. Како и претходните, Судот го отфрли и овој од 9,3 милиони евра.

Лазовиќ речиси две години е во притвор во Спуж, кај Подгорица, каде го чека почетокот на судењето.

Уапсен е на 18 јули 2022 година, откако, како што тогаш соопшти СДТ, во досиејата на Европол доставени до нив, бил идентификуван како член на Кавачкиот клан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.