Албанскиот технички комитет на експерти за справување со пандемијата, одлучи да се укине полицискиот час, воведен во средината на ноември 2020 година, a што траеше од 23 до 6 часот.
По направената проценка на епидемиолошката состојба во земјата сè уште останува во сила мерката за носење заштитна маска во затворени простории и на места каде што не може да се одржи растојание.
Во земјава има постојано подобрување. Се укинува полицискиот час, останува мерката заразените да останат изолирани пет дена, носењето заштитна маска во затворени простории и каде што не може да се одржува растојание. Подобрувањето на оваа состојба доаѓа од процесот на вакцинација. Мораме со интензитет да продолжиме со овој процес и да почнеме со имунизација и на деца над 12-годишна возраст – информираше Мира Ракацоли, претседателка на Комитетот и заменик министерка за здравство.
Исто така, во сила останува и мерката со која за влез во земјата треба да се поседува сертификат за примени две дози вакцина, како и онаа со која на спортски и културен настан или други собири се дозволува исполнетост од 30 отсто од капацитетот.
Ракацоли изјави дека последната недела од февруари забележано е намалување на новите случаи на заразени со Ковид-19 во земјата и оти во моментов има 2.211 активни случаи, од нив 50 се хоспитализирани при што 70 отсто во тешка состојба.
Според неа, од почетокот на пандемијата во март 2020 година, во земјата се направени 1.745.320 тестови, вирусот е потврден кај 271.702 лица, а починале 3.472 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.