Претседателот на Собранието на Србија во техничкиот мандат, Ивица Дачиќ, изјави земјата се наоѓа по притисок, по повод случувањата во Украина „да застане на нечија страна“, вклучително и да ја усогласи надворешната политика со ЕУ.

Сепак, Дачиќ оценува дека тоа не е во интерес на Србија.

Сега сме во ситуација кога од нас се очекува да застанеме на нечија страната. Секој тргнува од своите интереси. Логично е Србија да тргнува од своите интереси. Ние немаме интерес да водиме политика во согласност со очекувањата на Истокот или Западот, туку се водиме од нашите интереси. Го почитувам она што го велат од Брисел, но наша обврска е да ја усогласуваме надворешната политика со политиката на ЕУ постепено додека не влеземе во ЕУ – изјави Дачиќ за РТС.

Тој додаде дека Србија не го очекува тоа во блиска иднина.

Дали гарантираат дека утре ќе влеземе во ЕУ? Не, туку за десет, 15, 20 години. Па добро, тогаш и ние ќе ја усогласиме нашата надворешна политика за десет, 15, 20 години. Од друга страна, дали ќе го повлечат признавањето на Косово и Метохија? Дали ќе престанат да го нарушуваат територијалниот интегритет на Србија, а не да ја тераат Србија да воведе санкции против земјата која најмногу ги штити нашите национални и државни интереси – изјави Дачиќ.

Тој оценува дека Србија ги уважува позициите на ЕУ за „почитување на принципите на територијалниот интегритет“, како и дека „не е добро“ што Русија го нарушила територијалниот интегритет на Украина.

Дачиќ оцени дека тоа е „лицемерие, недозволиво и неприфатливо за Србија“ и дека „тој што сака Србија да воведе санкции кон Русија не е против Русија, туку против Србија“.

Утре ќе бараат Косово да влезе во НАТО, утре ќе бараат Косово да влезе во ОН. А, на кого ние ќе се обратиме, на Русија. Ако им воведеме санкции, немаме кому да се обратиме. Почитувајте го принципот на територијален интегритет, поништите го признавањето на Косово, подготвени сме да разговараме – изјави Дачиќ.

Тој наведе дека Албанија е 100 отсто усогласена со политиката на ЕУ, а не добила ниту почеток на преговорите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.