Полицајката (27) која се снимаше како орално задоволува колега во тоалетот и  нејзина пријателка, со која заедно се сликаа во секс пози, се уапсени и против нив е поднесена прекршочна пријава за проституција, соопшти српската полиција. Покрај пријавата, сообраќајната полицајка  ќе добие и отказ од МВР на Србија.

Ова е епилогот на аферата која изби на крајот на август, кога на социјалните мрежи се појавија шокантни порно-снимки од српска полицајка. На една од нив се гледа како црномуреста девојка во униформа на кадет од Центарот за основна полициска обука (ЦОПО) во Сремска Каменица орално задоволува колега во тоалетот.

Друго видео ја покажува истата девојка како симулира орален секс со банана во соблекувалната на ЦОПО..

Исто така, пред два месеци на интернет се појавија слики и видеа каде таа позира во секс пози со русокоса пријателка, двете облечени во садо-мазо облека.

Наводно, најголемиот дел од спорните порно снимки и фотографии биле направени пред неколку години, додека полицајката била на обука во Сремска Каменица, по што се вработила во МВР. Според неофицијални информации на српските медиуми, таа е од југот на Србија, а по завршувањето на обуката работела во сообраќајната патрола на автопат.

Кога видеата излегоа во јавноста, започна истрага, па прво била уапсена познаничката на споменатата полицајка, која признала дека се занимава со проституција, па дури и признала за кого работи.

Така било откриено дека и полицајката влегла во светот на проституцијата, а била уапсена во петокот на своето работно место.

Како што утврди истрагата, осомничената полицајка примала клиенти главно во елитни белградски хотели. Против неа ќе биде поднесена прекршочна пријава бидејќи не е макро, туку се занимава со проституција. Дополнително, таа ќе одговара и за нарушување на угледот на МВР и други дела, вели добро упатен извор на Информер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.