Импровизиран експлозивен механизам, веројатно е причината за пожарот во зградата на групацијата „Real“ во северниот дел на Атина, каде што се наоѓаат канцелариите на весникот „Real news“ и радиото „Real fm“.
Според грчките медиуми, пожарот избувнал околу три часот утрово на третиот кат од зградата, а една вработена била спасена од пожарникарите и со проблеми со дишењето, превентивно била пренесена во болница.
Противпожарната служба интервенирала со 18 пожарникари и шест возила, а два часа подоцна пожарот бил изгасен.
View this post on Instagram
Сопственикот и новинар Никос Хаѕиниколау на неговиот Твитер профил напиша дека пожарот бил подметнат и се слушнале три експлозии, додека пак според медиумите, по гаснењето на пожарот биле пронајдени остатоци од импровизиран експлозивен механизам.
Подметнување пожар во канцелариите на „Real Group“ е чин за осуда и секој што мисли дека на овој начин ќе ѝ наштети на слободата на медиумите се лаже – изјави портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.