Во Црна Гора денеска се отвора дел од патот Бар-Бољаре, од Смоковац кај Подгорица до Матешево кај Колашин.

Ова се првите километри од црногорскиот автопат и освен поудобен и побрз сообраќај, а што е најважно далеку побезбеден бидејќи ќе се избегне најризичната делница од автопатот кон морето покрај кањонот Морача.

Се градеше седум години, пробиени се сите рокови, цената за километар се смета за најскапа во светот.Тој дел од патот е долг 41,5 километри и ќе ја поврзува Србија со Црна Гора.

На оваа траса, прва, од идниот автопат Бар-Бољаре, има 20 мостови, 16 тунели со двојни цевки со вкупна должина од речиси 18 километри и врвен телекомуникациски центар кој прима слики од 560 камери кои имаат можност да автоматски откриваат инциденти.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.