Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе свика состанок на Советот за национална безбедност во врска со престрелката во Москва.

Според информациите, Вучиќ седницата ја закажал за девет часот наутро.

Да потсетиме, пукањето се случи во концертната сала „Crocus City Hall“ во Москва. Најмалку три маскирани лица во униформи отвориле оган. Според последните информации, загинале најмалку 40 лица, а повеќе од 100 се ранети.

На социјалните мрежи се појавија шокантни снимки од пукањето.

Маскирани напаѓачи шетаа низ салата со пушки и пукаа во посетители.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.