Претседателот на Србија Александар Вучиќ за утре го закажа најголемиот собир во поновата српска историја на кој се очекуваат околу 300.000 граѓани. На собирот се очекува Вучиќ да објави важни пораки за него лично, за неговата партија, но и за државата.
Она што е јасно е дека Вучиќ ќе се повлече од челното место во српската напредна партија. Можно е шефот на државата да објави и скоро одржување на парламентарни избори иако тие беа пред нецела година.
Но, тоа не и се допаѓа на српската опозиција која не сака избори бидејќи знае дека ќе ги изгуби.Всушност сака, ама со техничка влада во која ќе влезат нивни министри шест месеци однапред.Ова ви звучи познато? Да тоа е истото сценарио како во Македонија со СДСМ.
Српската опозиција како по книга го има прочитано сценариото во Македонија и сака да го преслика на нивен терен. Како претходница на нивниот план ги имаат протестите наречени „Србија против насилството“. Опозицијата ги “киднапира“ протестите кои почнаа како реакција на граѓаните против двете убиства во Белград и Младеновац.
И во Македонија СДСМ го присвои протестот кои се случи за убиството на Мартин Нешковски. Оттука тргна слоганот “Нема правда нема мир“ и „Шарената револуција“.
Двете ревоуции имаа и имаат голема поддршка од Западот. Па така познатиот НАТО и албaнски лобист Гутлер Фелингер напиша твит дека „Вучиќ мора да падне“ и дека се спрема „револуција“
Дека српските „шарени“ се сериони во својата намера покажува и нивниот план контра-протестот да го одржат еден ден по собирот на Вучиќ. Останува да се види дали српските граѓани ја научија лекцијата од Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.