Триесет и пет годишен маж е спасен од урнатините на урната зграда во јужната турска провинција Хатај 149 часа по силниот земјотрес што го погоди регионот, јави турската државна новинска агенција Анадолија.

Мажот, идентификуван како Мустафа Саригул, бил пронајден меѓу урнатините на шесткатната зграда при скенирање.

Екипите за пребарување и спасување, како и воен персонал и членови на романскиот тим за пребарување и спасување, работеле пет часа за да го спасат човекот.

Бројот на загинати во Турција и Сирија по земјотресот од понеделникот наутро достигна 28.192.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.