Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ сака по секоја цена да воведе задолжителен воен рок, но во 1998 година, за време на Татковинската војна, се „извадил“ да не оди во војска, пишува хрватскиот портал Индекс.

Актуелниот премиер наполнил 18 години во 1988 година. Се запишал на Правен факултет. Тогаш во Хрватска не било лесно да го избегне воениот рок, како подоцна, со повикување на совеста. Пленковиќ сепак успеал да се „извади“ на вродена т.н медитеранска анемија, односно мала таласемија.

 

Кога Хрватска била најзагрозена, Пленковиќ воопшто не се интересирал за војската, ниту пак бил подготвен на тој начин да ѝ помогне на земјата. Човекот кој никогаш не служел војска сега им држи лекции на младите за вештини кои никогаш не ги стекнал, пишува Индекс.

Случајот со Пленковиќ е сличен како со двајцата поранешни премиери на „Северна“ Зоран Заев и Димитар Ковачевски.Заев си призна дека не служел војска а Ковачевски исто така е воен дезертер и се направил трајно неспособен за да не и служи на државата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.