Државјанин на Србија (47), осомничен дека ја убил поранешната сопруга (44) на пазарот во германскиот град Маркдорф, бил уапсен по потера на локалната полиција откако побегнал од местото на криминал.

Претходниот ден, тој пукал во својата поранешна сопруга во центарот на тој град во близина на езерото Констанца. Како што објавија германските медиуми, при извршувањето на злосторството, напаѓачот бил пијан.

Германските медиуми ја објавија и првата снимка од пазарот каде е убиена несреќната жена.

Според германскиот печат, тој дошол до неа, извадил пиштол и пукал, а потоа влегол во такси и побегнал од местото на убиството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.