Премиерот на Бугарија, Кирил Петков разговараше со новинарите во Собранието неколку минути откако Никола Минчев беше разрешен од функцијата претседател на Народното собрание.

Во овој парламент има ново мнозинство – рече Петков.

Според него, тоа се Преродба, ДПС, останатите пратеници од ИТН и ГЕРБ. ИТН дојде до идеја да го избрише ГЕРБ и гласаа со нив, објасни Петков.

Преродба вее знамиња, а ДПС зборува за правата на сите Бугари и решија да се соединат. Сите се тука за политички игри, нема морал, но добрата вест е што ова го видоа сите Бугари – рече премиерот на Бугарија.

Сите што гласаа против господинот Минчев јасно ставија до знаење дека не им е грижа за оваа држава, тоа се маркетиншки фирми што лажат… Ние не се плашиме од избори, бидејќи луѓето што гледаат во моментов можат да имаат јасна претстава за тоа што се случува, рече Петков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.