Големи раздвижувања се случуваат во Бугарија. Никола Минчев веќе не е претседател на бугарскиот Парламент откако денеска пратениците гласаа за негово разрешување со 125 гласа „за“.Против беа 113 пратеници. Еден пратеник беше воздржан.

Барањето за негово разрешувње беше поднесено вчера со потписи на 120 пратеници од „Има таков народ“, ГЕРБ-СДС, ДПС и „Преродба“.

Меѓу причините се прекршување на Уставот и деловникот на Собранието, како и попречување на нормалната законодавна активност и спроведување на ефективна собраниска контрола.

-Во пленарната сала има ново мнозинство објви   Минчев.

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков разговараше со новинарите во Собранието неколку минути откако Никола Минчев беше разрешен од функцијата претседател на Народното собрание.

– Во овој парламент има ново мнозинство, рече Петков.

Според него, тоа се Преродба, ДПС, останатите пратеници од ИТН и ГЕРБ. ИТН дојде до идеја да го избрише ГЕРБ и гласаа со нив, објасни Петков.

– Преродба вее знамиња, а ДПС зборува за правата на сите Бугари и решија да се соединат. Сите се тука за политички игри, нема морал, но добрата вест е што ова го видоа сите Бугари, рече премиерот на Бугарија.

– Сите што гласаа против господинот Минчев јасно ставија до знаење дека не им е грижа за оваа држава, тоа се маркетиншки фирми што лажат… Ние не се плашиме од избори, бидејќи луѓето што гледаат во моментов можат да имаат јасна претстава за тоа што се случува, рече Петков

 

По денешните случувања се поставува прашањето дали ова значи ова значи дека владата на Петков го загуби мнозинството.И да и не.Формално ова значи дека го изгубиле мнозинството но доколку дојде до гласање на доверба на Владата секогаш може да скокнат бугарските 8 пратеници од „Има таков народ“ и владата да преживее.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.