Правата на Бугарите во Македонија се огромен приоритет за Владата, изјави бугарскиот премиер, Кирил Петков ден по средбата со бугарски државјани од Македонија, пренесува БГНЕС.

Петков рече дека за нив, но и бугарската и македонската страна е важно Македонија да биде членка на ЕУ.

Петков ја запознал делегацијата за неговите разговори со партнерите од Европската Унија во однос на евроинтеграцијата на Западен Балкан. Претставниците на македонските Бугари изјавиле дека веруваат во новиот пристап инициран од бугарската влада, затоа што се убедени дека проблемите може да се решат единствено со дијалог.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.