Руската Федерација има 500 милијарди долари резерви и може да издржи тотална војна со Украина цели две години, вели претседателот Стево Пендаровски, кој потсетува дека според разузнавачки информации, предупредувањата дека Путин ќе влезе во Украина се од пред пет месеци.

Немам никакви комуникации со рускиот амбасадор, а веројатно нема ни владата, но бидејќи како членка на НАТО се приклучивме кон санкциите и очекувам реципрочна мерка. Во политичкиот дел исто така очекувам мерки, бидејќи односите не ни се добри веќе две години. Во однос на безбедносните консеквенци ако Путин ја освои Украина, на Западен Балкан најранливата точка е Бања Лука, вели претседатеот Пендаровски за „Утрински брифинг“.

Тој додава дека е очигледно оти има постојан канал на комуникации меѓу Владимир Путин и Милорад Додик.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.