Авион на „Визер“ од Тел Авив за Лондон принудно слетал во Белград поради непослушен патник, јавува Exyuaviation.

Имено, патникот се скарал со екипажот на авионот, а потоа отишол да ја отвори вратата.

Причината за инцидентот не е соопштена, пренесуваат медиумите во регионот.

Според српските медиуми, другите патници биле принудени да чекаат нов лет за Велика Британија.

„Од компанијата потврдуваат дека авионот што летал од Тел Авив за Лондон морал да слета во Белград поради проблем со еден од патниците“, се наведува во официјалното соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.