Един Гачанин (40) со прекар Тито и Дино е уапсен во Дубаи, објави Европол и холандската полиција! Тито, кој со години е мистерија за европската полиција, беше врзан со лисици во Дубаи, каде што го поминуваше поголемиот дел од своето време.

– Един Гачанин е уапсен во рамките на голема меѓународна акција во која се приведени вкупно 49 лица, кои биле водачи и членови на таканаречениот „суперкартел“, кој контролирал третина од трговијата со кокаин во Европа – пренесуваат медиумите.

Водачот на овој картел, велат, е Холанѓанецот со потекло од Босна и Херцеговина, Един Гачанин.

Европол објави и фотографии и видео од апсењето во Дубаи. На него се прикажани луксузни автомобили, скапи вили, пари, часовници и други вредни предмети.

– Пронајдени се повеќе пасоши, поголема сума пари – велат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.