Един Гачанин – Тито (40), познат како прв човек на нарко картелот Тито и Дино, е уапсен во Дубаи, соопштија Европол и холандската полиција Неговиот прекар е нашироко познат на меѓународните истражители, но неговото име, лик и дело долго време се мистерија. Американската служба за борба против дрогата – ДЕА го сметаше Гачанин за еден од 50-те најголеми дилери на дрога во светот.

Пред ова апсење, криминалната група на Тито доби голем удар во септември кога во голема меѓународна акција, во која беа запленети дури 2,6 тони кокаин и беа уапсени 61 лице, американската ДЕА идентификуваше мистериозен нарко бос, извесен Тито, како главен водач на овој картел.

Според досегашните информации тој живее во Дубаи, но е поврзан со Колумбија, Перу и Боливија, од каде што набавува кокаин. Еден од неговите наводни соработници е Зоран Јакшиќ, лидерот на картелот Америка – објавија странските медиуми по големата акција.

Американската ДЕА во 2019 година објави дека мистериозниот Тито е еден од најбараните нарко босови во Перу, но дека ниту ним не им се премногу познати деталите од неговиот живот.

Водачот на нарко мафијата е роден на Балканот, на возраст од четириесетина години, а неговиот карактер се уште е мистерија. Она што се знае е дека сите го викаат Тито. Апсењето на овој нарко бос е еден од приоритетите на ДЕА. Неговата моќ на светско ниво, според досегашните собрани информации од полицијата, ја надминува онаа на Ел Чапо, кој по апсењето во САД беше осуден на доживотен затвор, откри во тоа време, припадник на јужноамериканската специјална полициска единица.

Тој го опиша балканскиот наркобос како „чудовиште кое не штеди пари за испорака на дрога на европскиот пазар“.

Тито пристигна во Перу пред десетина години и успеа да ја развие својата мрежа и свој нарко клан, кој испраќа дрога од Перу во Европа. Колку пари троши за транспорт говори фактот што кокаин со исклучителна чистота се транспортира со прекуокеански бродови, авиони и подморници.

 

Тито до пред десет години беше тренер на професионални боксери во Србија. Преку луѓето со кои соработувал и ги запознал преку спортот, вклучително и луѓе од подземјето, тој успеал да оствари контакти со јужноамериканските дилери на дрога. За кратко време, од купувач и посредник, тој стана главен снабдувач на кокаин произведен во Боливија, Колумбија и Перу на европскиот пазар, соопшти овој полициски специјалец.

Тито е еден од организаторите на „супер кланот“ што беше разбиен викендов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.