Един Гачанин – Тито е шеф на еден од најмоќните нарко-кланови во светот „Тито и Дино“, кој го сочинуваат претежно луѓе од Балканот. По овој Сараевчанец со години трага американската ДЕА,  но и полицијата на многу други земји во светот, а за него се смета дека се крие во Дубаи.

За моќта на Тито и неговиот клан најдобро говорат податоците што ги презентираше холандската полиција, која наведува дека кланот го контролира европскиот нарко пазар и увозот на дури третина од кокаинот во Европа. Покрај последните четири запленети тони, од кои дел им припаѓа ним, „Тито и Дино“, според сомневањата, за само две години изгубиле 14.000 килограми од најскапиот опијат.

Гачанин најголемиот дел од својот живот го поминал во Холандија, каде што се поврзувал со важни луѓе од подземјето. На списокот на неговите блиски соработници од други кланови има и имиња како Ридуан Таги, по кого е распишана меѓународна потерница од Интерпол поради поврзаност со бројни убиства, а за кои холандските власти се подготвени да дадат 100 илјади евра на секој што ќе даде информации за него.

Еден од неговите партнери беше уапсениот Ричард Рикелме, чилеански криминалец, еден од најопасните луѓе на светот, кој беше уапсен во Колумбија на крајот на 2017 година врз основа на потерница од Холандија. Третиот партнер на Гачанин е Рафаел Империјал познат како Паста, еден од водачите на италијанската мафија Камора.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.