Градинките, основните и средните училиштата во областа Атика, поширокиот регион на Атина и во следните два дена ќе останат затворени, учениците ќе следат онлајн настава, додека пак вработените во јавниот сектор ќе работат од дома, јави дописничката на МИА од Атина.

Училиштата се затворени од понеделникот поради снежната бура што ја зафати грчката метропола, додека пак вчера и денеска Владата ги прогласи за неработни денови.

Од Министерството за внатрешни работи во чија надлежност е јавниот сектор, излезе со „силна препорака да се искористи можноста за работа од дома за колку е можно повеќе да се избегнат движења“ и ги повика одговорните во државниот сектор да ги информираат вработените.

Иако обилните врнежи од снег во Атина запреа вчера наутро, останаа проблемите, повеќе атински населби над 24 часа се без електрична енергија, а помалите улици сè уште не се целосно исчистени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.