Во тешка, но стабилна состојба е професорот по англиски јазик кој утрово беше застрелан од страна на 15-годишен ученик во Лукавец, БиХ, потврдил за Н1 таткото на застреланиот маж. Детето е уапсено.


Во меѓувреме босанската јавност е на нозе. По трагичниот настан, политичарот од Лукавац Дино Османовиќ на Фејсбук објави прашања кои ги испратил до МВР поради заканите токму од овој ученик кој денеска е осомничен дека сторил тешко кривично дело.

Ова е порака од 22 мај 2023 година, кога откако дознав дека ученик се заканувал дека ќе се одмазди откако бил префрлен од училиште, побарав информација да видам дали сме се опаметиле или сме направиле нешто за да не ни се случи Белград. За жал, не направивме, пишува Османовиќ.

Тој посочи дека тешко ранет е татко на две деца.

Невин човек настрада. Некој рече дека нема убиено деца и затоа нема паника, но јас велам дека за жал настрада татко на две деца и има паника. Потребна е паника сè додека неспособните кадри од МВР и Обвинителството не одговараат. Можеби тогаш ќе се вразумиме и ќе почнеме да учиме од туѓите грешки, напиша тој во објавата. Не добив одговор на моето прашање упатено до МВР, туку само повик преку Вибер со зборовите дека ги презеле сите дејствија, дека сè е под контрола и дека не можат да дадат повеќе информации бидејќи се работи за малолетно лице. Му верував на системот, ни сам не знам зошто, напиша Османовиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.