Во масакрот кој вчера се случи во Цетиње, Вук Бориловиќ усмрти 10 лица, по што е убиен. Убиените се членови на пет семејства, а меѓу нив се и две деца.

Денеска е објавен идентитетот на сите жртви. Најстарата има 81 година, а најмладата жртва е осум годишно момче.

Во незапаметената трагедија животот го загубија: Данијела Радуновиќ (51), Александра Радуновиќ (52), Милан Митровиќ (37), Рајко Дрецун (56), Димитрије Дрецун (81), Даница Дрецун (74), Горан Ѓуришиќ (54), Наташа Пејовиќ Мартиновиќ (35), М.М. (11) и М.М (8).

Пукајќи со ловечка пушка ги уби Бориловиќ, кој потоа е ликвидиран. Полицијата се уште истражува дали тој погледнал на повредите здобиени во престрелката со полицијата или од куршум испукан од граѓанин.

Телата на убиените синоќа биле дадени на обдукција, соопштила по извршениот увид обвинителката Андријана Настиќ.

Крвавиот поход на Вук започнал со убиство на мајката и двете момчиња кои живееле како потстанари во неговата јуќа. Децата починале на лице место, а нивната мајка им подлегнала на повредите во болница.

-Потоа излегол и пукал од пушката на жителите од населбата, при што усмртил уште седум лица, а ранил шест.

Во Црна Гора е прогласена тридневна жалост.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.