Руската инвазија на Украина и состојбите на Западен Балкан беа во фокусот на Џејмс О’Брајан, помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави (САД) за европски и евроазиски прашања, кој на 11 јануари одржа брифинг со новинари и медиуми, објави Радио Слободна Европа.

О’Брајан е поранешен шеф на Канцеларијата за координација при Стејт Департментот. Тој на брифингот зборуваше за ситуацијата на северот на Косово, изборите во Србија, за идејата на претседателот на Република Српска, Милорад Додик за сецесија, и за руската инвазија на Украина.

Зборувајќи за Западен Балкан, О’Брајан рече дека тој мора да биде стабилен, безбеден и европски и дека на земјите од овој регион им е потребна економска интеграција за да не се селат луѓето во Европа и на други места.

Тој рече дека САД ги поддржува напорите на Европската унија овие земји да се движат по реформскиот пат кој ќе им овозможи да имаат пристап до единствен пазар што е можно поскоро.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.