За време на неколкучасовното испрашување на мајката на 13-годишникот кој го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, ѝ било поставено и прашањето за екскурзијата во Франција, открива добро упатен извор за „Нова.рс“. Станува збор за деталите кои мајката на убиената Ема Кобиљски ги објави во нејзиното јавно писмо до родителите на Коста Кецмановиќ.

Се сеќавате дека нашите деца отидоа заедно во јазичен камп во Франција… па добивме видеа од нив како пеат покрај каминот, си играат на тематски ноќи и одат на патувања… знаете и дека сите заедно играа карти и се смееја во своите соби до доцна во ноќта. Како да не знаете, кога со благодарност му се јавивте на класниот раководител и му се заблагодаривте што вашиот син беше толку добро примен од неговите пријатели во новиот клас во кој избравте да го префрлите. Им беше убаво, но во исто време им беше чудно зошто едно дете 7 дена спие свиткано во фотелја наместо во кревет, иако на располагање има цела двокреветна соба?! Дали знаете дека на тоа дете му била потребна помош од вашите родители и стручни лица?, пишува меѓудругото Нина Кобиљски.

Миљана Кецмановиќ твдела дека никој не ѝ кажал за ова.

Беше поставено и прашање во врска со изјавите на мајката на убиеното девојче дека момчето за време на престојот во кампот во Франција, седум дена спиело свиткано во фотелја, наместо во креветот што му бил достапен. Таа рече дека никогаш не слушнала за тоа, дека ниту наставничката која ги однела децата во кампот, ниту родителите на другите деца ѝ кажале за тоа. По враќањето на децата од кампот, добила порака од учителката со пофалби за нејзиниот син, вели изворот.

За време на сослушувањето, според изворот, мајката била во тешка психичка состојба и поради тоа имало чести прекини. Целиот исказ тука:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.