Што правел Коста тоа утро? Мајката со своја верзија за тоа каков бил нејзиниот син во исказот за полицијата

Мајката на момчето кое уби деветмина негови врсници и чуварот на Основното училиште „Владислав Рибникар“ во средата била сослушана во полиција и во таа прилика детално ја раскажала својата верзија за детството на нејзиниот син, неговото здравје, односот со врсниците, семејните односи… Ги опишала и неговите денови пред масовното убиство, на 3 мај и како изгледало тоа утро пред Коста со пиштолите на татко му и со молотови коктели во ранецот влегло во своето училиште да сее смрт.