Стотици навивачи на фудбалски екипи од Бугарија се собрале еден час пред споменикот на Обединувањето во Пловдив за да му изразат поддршка на претепаниот охриѓанец Христијан Пендиков, јавуваат бугарските медиуми.
Нивното незадоволство било и, како што велат, против политиката на Македонија кон бугарските граѓани.
На протестот имало навивачи од клубовите Ботев и Локомотив од Пловдив, како и над 200 лица кои дошле од Софија.
И покрај нашите разлики, и покрај тимовите за кои навиваме, сите се обединуваме со една кауза – сакаме Македонците да не третираат со почит. Нивниот лош однос го трпиме со години, а уште еден доказ е случајот со Христијан. Тоа што бугарските државјани не беа пуштени на граница, дали е нормално? Ова мора да престане“, изјавил еден навивач на Левски Софија, пренесува бугарски „Traffic news“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.