Од Канцеларијата на НАТО во Брисел во врска со идејата за ревитализација на индустријата за оружје во Албанија, за албанската телеграфска агенција АТА наведуваат дека продолжуваат разговорите меѓу сојузниците за „зголемување на производството на муниција“, што од „бавно ќе премине кон високо производство на муниција, што го бара војната во Украина“.

Зголемувањето на производството на оружје е еден од главните приоритети на НАТО. Како што изјави и генералниот секретар на Јенс Столтенберг на неговата прес-конференција по состанокот на министрите за одбрана на НАТО во февруари, дискусиите меѓу сојузниците продолжуваат за зголемување на производството на муниција. За да ги надополниме нашите резерви и да продолжиме да ја поддржуваме Украина, мораме да преминеме од бавното кон високо производство кое го бара конфликтот, наведуваат од Канцеларијата.

За да го направат тоа, додаваат од канцеларијата, на производителите им требаат потпишани договори, а само во последните неколку месеци НАТО се согласил на договори во вредност од 10 милијарди долари.

Ставот на НАТО е дека ова и помага на Украина, го прави НАТО посилен и обезбедува повеќе висококвалификувани работни места во Европа и Северна Америка.

Исто така, во изјавата за АТА, од канцеларијата на НАТО во Брисел нагласуваат дека нејзини експерти ја проценуваат можноста за инвестирање во поморската база „Порто Романо“, во Драч.

Во однос на “Порто Романо“, ги поздравуваме понудите од сојузниците да бидат домаќини на објектите на НАТО. Нашите експерти ги разгледуваат сите такви понуди и потоа даваат совети врз основа на воените барања на Алијансата, посочуваат од Канцеларијата.

На прашањето за воздухопловната база на НАТО во Кучово, што беше отворена на почетокот на месецов, канцеларијата на НАТО во Брисел оценува дека „таа ќе и служи и на земјата“.

Воздухопловната база Кучово ќе и служи на Албанија и ќе ги поддржува логистиката, воздушните операции, обуката и вежбите на НАТО Алијансата, одговориле од Канцеларијата на НАТО за агенцијата АТА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.